Де Хеа не сака да попушти: Шпанецот одби нова понуда на Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Давид де Хеа ја одби и последната понуда на Манчестер јунајтед за продолжување на соработката. Шпанскиот чувар на мрежата би можел ова летода го напушти „Олд Трафорд“, а тоа најверојатно и ќе се случи.

Преговорите меѓу Де Хеа и раководството на „ѓаволите“ траеше со месеци. Шпанецот бараше речиси половина милион фунти неделно за продолжување на договорот, додека последната понуда изнесуваше 350.000 фунти.

На крајот двете страни не се договорија, односно Де Хеа ја одби понудата, па најверојатно летово ќе се пресели во ПСЖ, кој долго време покажува интерес за неговите услуги.

Парижаните на Манчестер за услугите му нудат 60 милиони фунти, а Шпанецот ќе добие петгодишен договор со неверојатни 24 милиони евра по сезона.