„Ѓоковиќ е најкомплетниот тенисер во историјата“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот аргентински тенисер Давид Налбандијан зборуваше за Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер пред почетокот на Ролан Гарос, вториот гренслем турнир  во сезоната.

Аргентинецот се повлече од тенисот пред шест години, но и понатаму ги следи возбудувањата во „белиот спорт“.

„Ѓоковиќ е комплетен тенисиер. Освен што одлично сервира, тој се движи на фантастичен начин. Кога му оди добро, нема падови во играта, нема слаби точки, не знаеш како да игра против него. Од друга страна, Надал е тенисер, кој игра долги поени. Имаше многу проблеми во Мадрид и тука јас преземав иницијатива. Што се однесува до Федерер, јас мислам дека тој многу еволуираше, посебно кога достигна константност на својот бек-хенд. Важната промена му се случи во 2003 година“, вели Аргентинецот.