Навивачите на Челси и Арсенал почнаа петиција за бојкот на финалето во ЛЕ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси и Арсенал за точно седум дена ќе играат во големото финале од Лига Европа (ЛЕ), а средбата ќе се одигра во Баку, Азербејџан.

Сепак, гостувањето во Баку не му се допаѓа на Арсенал, зашто остана без Хенрик Михтаријан, кој не смее да патува во државата, зашто Ерменија и Азербејџан се во лоши односи.

Поради тоа поддржувачите на „топчиите“ се налутија и за тоа дополнително, па заедно со навивачите на Челси решија да почнат петиција за бојкот на финалето.

Како главна причина за тоа се споменува нерамноправната распределба на билетите за финалето. Освен што Англичаните се одалечени илјадници км, навивачите добија само 10% од вкупниот капацитет на стадионот, а другите ќе ги добијат неутрални навивачи.