Таеквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ од Охрид на најсилниот балкански турнир во Зворник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој викенд Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, Охрид, ќе учествува на Меѓународен ИТФ турнир од А класа, „Гран При Зворник 2019“ кој се смета за најсилниот турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот.

Натпреварувачите на клубот под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан ќе се обидат да ги повторат успесите од претходниот турнир во Словенија кога освоија бројни одличја.

Инаку, од клубот најавуваат и сопствен турнир кој ќе се одржи на 22 јуни оваа година во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.