После Жиру и Кабалеро го потпиша продолжението на договорот со Челзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот голман останува во клубот.

Аргентинскиот чувар на мрежата, Вили Кабалеро потпиша нов договор со Челзи.
Откако од клубот синоќа потврдија дека Французинот Оливер Жиру ќе остане уште една година на Стамфорд Бриџ, истото се случи и со голманот Кабалеро.

Се работи за 37 годишниот чувар на мрежата кој и изминатата сезона беше резервна опција за тренерот Маурцио Сари, а така најверојатно ќе остане и наредната сезона.
Кабалеро, исто како и Жиру, потпиша едногодишен договор за продолжување на соработката.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Челзи и се надевам дека наредната сезона ќе ги оствариме посакуваните постигнувања. За мене оваа одлука беше многу лесна со оглед на тоа што Челзи е еден од најголемите великани во светот“, изјави Кабалеро.

Занимливо е тоа што тој дојде во клубот како замена за Асмир Беговиќ кој тоа лето премина во Бурнемут во потрага по повеќе време за игра.

Пред да го облече дресот на Челзи, тој ги носеше дресовите на Манчестер Сити, Малага, Елче, Арсенал и Бока Јуниорс.