Интер испрати официјална понуда за Лукаку!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Интер испрати официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку.

Како што тврди познатиот италијански новинар Танкреди Палмерi, Јунајтед од Неразурите добиле официјална понуда за Белгиецот која е доста интересна.

Раководството на тимот од Џузепе Меаца се одлучи на Црвените Ѓаволи да им понуди 30 милиони евра плус хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.

Вкупната вредност на трансферот е околу 65 милиони евра и останува да се чека на одговорот на тимот од Олд Трафорд кој најверојатно би требало да биде позитивен.
Јунајтед во изминатите сезони константно беше поврзуван со Перишиќ. Меѓутоа трансферот никако не успеа да се реализира, но сега Хрватот конечно би можел да заврши на Театарот од Соништата.

Лукаку е една од главните желби на идниот тренер на Интер, Антонио Конте, кој во наредните денови би требало да ја превземе оваа функција од Лучијано Спалети.
Белгијскиот напаѓач изминатите две сезони ги помина на Олд Трафорд. Меѓутоа, тој не успеа да се прослави и потполно се „удави“ во сивилото на Јунајтед.

Навистина, неговиот напаѓачки придонес не е лош кога ќе се земат во предвид останатите учесници на тимот. Тој има одиграно 96 натпревари и има постигнато 42 погодоци.

Пред да дојде во Манчестер, Лукаку играше за Евертон, ВБА, Челзи и Андерлехт.