„Марка“: Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид полека гради екипата за идната сезона, а на „Сантијаго Бернабеу“ биле договорени неколку договори.

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ минатата година ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во изборот за најдобар фудбалер во светот, па тој е еден од фудбалерите, на кои им е продолжен договорот.

Искусниот 33-годишен фудбалер доби нов договор со „кралевите“, а договорот ќе му биде продолжен за уште една сезона, па тоа ќе биде официјално потврдено во наредните денови.

Тоа значи дека Модриќ ќе остане во Мадрид до 2021 година и со потпис ги заврши сите шпекулации за евентуалното заминување од екипата.

Хрватот е член на „кралевите“ од 2012 година, а досега за Реал одигра 303 натпревари, но во последно време постојано се шпекулираше за негово заминување.