Обложувалниците го поставија Гвардиола како фаворит за тренер на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Пеп Гвардиола минатиот петок јасно ги демантираше сите шпекулации дека заминува од Манчестер сити во Јувентус, италијанската новинарска агенција „АЏИ“ објави дека искусниот тренер се договорил со италијанскиот шампион.

Таа вест вчера ја пренесе и едно италијанско радио, но откако беше објавена од новинарска агенција, приказната стана сериозна.

Тоа ги натера и обложувалниците да го намалат коефициентот на Гвардиола како нов тренер на Јувентус. Пеп сега води со 1,5, а зад него е Маурицио Сари со 3. Потоа следуваат Жозе Мурињо со 4, Маурицио Покетино со 5 и Антонио Конте со 8.

Претходно беше објавено дека Гвардиола, наводно, ќе заработува 24 милиони евра по сезона во Јувентус, а договорот ќе биде потпишан на четири години.