УФЦ подготвува спектакл: Нурмагомедов ќе се бори на крајот на годината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов се враќа во рингот во септември, а негов ривал ќе биде Дастин Порие.

Меѓутоа, за крајот на годината е планиран голем спектакл. Хабиб сака борба со легендарниот Џорџ Сент Пјер, а тоа го потврди и менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз.

„Добрите вести доаѓаат многу брзо. Ако се одвива сè по планот, верувам дека Хабиб ќе се бори против Сент Пјер на крајот на годината“, вели Али Абделазиз.

Оваа борба би била една од најголемите во историјата на УФЦ. Сент Пјер е легенда, но пред две години се повлече од ММА-спортот. Тој имаше резултат во кариерата од 26 победи и два порази.