Искусниот Бразилец го напушти Атлетико и се понуди на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот бразилски фудбалер Филипе Луис(33) ги напушти редовите на Атлетико Мадрид.

После завршувањето на сезоната, 33 годишниот лев бек стана слободен играч и може да побара нов клуб.

Тој, своите услуги одлучи да и ги понуди на Барселона. Каталонците бараат адекватна резерва за Жорди Алба и се поврзуваа со многубројни фудбалери поради тоа.

Филипе Луис со задоволство би потпишал за Барселона. Има доволно искуство, со години беше клучен фактор во играта на Атлетико и сигурно е дека одбраната на Барса би била посигурна со него.

Меѓутоа, тешко е дека Каталонците би се одлучиле за негово доаѓање во тимот. На позицијата лев бек сакаат да донесат некој помлад фудбалер кој би собирал неопходно искуство покрај Алба.

Бразилецот од 2010 година е член на Атлетико. Само една сезона помина во Челзи но набрзо се врати во Мадрид бидејќи животот во Лондон му бил потежок.

Луис беше дел од тимот кој оствари големи резултати во Шпанија, но и во Европа.

Сигурно и покрај тоа што има 33 години тој би претставувал големо засилување, но одлуката зависи од управата на Барселона.

Овој фудбалер својата кариера ја започна во 2003 година во Фигуиренсе каде што беше дел од најмладата категорија.

После само една професионална сезона тој замина во Ајакс, потоа играше за Тим Б за Реал а после тоа остана во Депортиво Ла Коруна до 2010 година кога премина во Атлетико.

За мадридскиот тим тој има одиграно 323 натпревари и има постигнато 12 погодоци.