Ексклузива на „Билд“:Баерн Минхен и Борусија Дортмунд направиле интересен договор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во претходните неколку години видовме три големи трансфери од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен. Роберт Левандовски, Матс Хумелс и Марио Геце како најдобри фудбалери на „милионерите“ се селеа кај Баварците.

Сепак, идната сезона навивачите на Дортмунд не треба да се плашат дека ќе се случи такво нешто.

Според информациите кои ги има „Билд“, договорот меѓу Баерн и Борусија за сезонава е Баварците да не купуваат фудбалери на Дортмунд, а така да биде и во наредните години.

Санчо, Алкасер, Ројс и останатите се мета на големи клубови, а нема сомнеж дека и Баерн претходно беше заинтересиран за нив, но нема да купува по овој нивни договор.