Антетокумпо го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА-лигата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јанис Антетокумпо би можел да биде прогласен за МВП во НБА-лигата за сеонава, а наскоро најверојатно ќе го добие и најголемиот договор во историјата на кошарката.

Ѕвездата на Милвоки бакс вторпат по ред го најде своето место во идеалната петорка во НБА-лигата, а во САД се убедени дека му е подготвен рекорден договор.

„ЕСПН“ пишува дека Антетокумпо ги исполнил сите услови на клубот и во 2020 година ќе потпише договор вреден 247,3 милиони долари за пет сезони.

Да потсетиме, Милвоки испушти водство од 2-0 во серијата против Торонто, па сега се во негатива од 2-3, а наредниот меѓусебен меч го играат на 26 мај.

Антетокумпо сезонава го одбележа НБА-плејофот, па во просек постигнуваше по 26 поени, 12,8 скокови, 4,8 асистенции, две блокади и 1,2 украдени топки.