„Не е вистина дека заминав поради Роналдо, туку тоа се случи поради – политика!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имаше голем ремонт пред неколку години во клубот, па еден од луѓето кои си заминаа од шпанскиот гигант беше Арјен Робен.

Робен летово го напушта Баерн Минхен, па утре против Лајпциг во финалето на Купот ќе го одигра последниот меч за Баварците, па по 10 години и седум бундеслигашки титули конечно се повлекува од тимот.

Кога пристигна Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид, Робен мораше да сизамине, кадешто Перез создаде нови „Галактикоси“.

„Беше тешка ситуација поради промената на претседателот во Реал. Таму играв добро и се чувствував удобно, но кога политиката ќе се вмеша во играта и не добиеш вистинска шанса, тогаш мораш да донесеш одлука дали ќе се бориш или ќе заминеш“, кажа Робен.