Агентот на Елмас: Преговарав со Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги воодушеви сите со своите настапи во Фенербахче, а притоа привлече огромен интерес од многу европски гиганти, меѓу кои беа Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити.

Во една италијанска програма, македонскиот агент Петар Томовски, кој се грижи за Елмас, кажа дека досега зборувал со три европски гиганти, но не и со Наполи, како што се шпекулира во последно време.

„Елмас е природен талент и може да игра фудбал кадешто сака. Може да кажеме дека фудбалерот ќе напредува и ќе биде важен во тимови подобри од Фенербахче. Не знам дали е подготвен за во Наполи,  но тој сигурно може да игра во Серија А. Досега зборував со Манчестер сити, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд. Тие три клуба го следат фудбалерот и се импресионирани од него“, вели Томовски.

Останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата Елмас, но сигурно е дека ќе се води голема борба летово за неговиот потпис.