Венгер: Не сум во дилема, ќе му се вратам повторно на фудбалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер порача дека можеби никогаш повеќе нема да биде тренер, но сигурно ќе остане во фудбалот.

Минатата сезона Венгер се збогуваше со Арсенал, па не беше сигурно дали Французинот повторно ќе предводи некој фудбалски клуб.

Шпекулации за тоа дека наскоро ќе преземе некоја екипа постојат постојано, но неговите зборови по последниот меч во Арсенал исто така збогуваат дека тоа може да се случи.

„Мислев дека брзо ќе се вратам да бидам тренер, но уживав во одморот. Не сум во никаква дилема, ќе ме видите повторно во фудбалот, но не знам дали ќе бидам тренер. годинава работев на многу хуманитарни проекти, бев на конференции и уживав во тоа. Имав помалку стрес морам да го кажам тоа“, порача Венгер за „Би-би-си“.

Венгер кажа дека му недостига на Арсенал, но и дека финалето во Лига Европа е кошмарна поради ситуацијата со Хенрик Михтаријан и со помалиот број на билети за навивачите на двете екипи.