Ѕвезда на Челси блиску до потпис со Реал Мадрид: Ќе видиме што ќе се случи на лето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси би можел да остане без својот лев бек Маркос Алонсо, кој потпиша петгодишен договор минатиот октомври, но во последниот период не е во форма, па падна во втор план кај тренерот Маурицио Сари и шпанските медиуми го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид.

Овој 28-годишен ја почна кариерата на „Бернабеу“, иако одигра само еден натпревар пред да се пресели во Болтон во 2010 година.

Во поголем дел од сезона повеќе шанса добиваше Емерсон пред Алонсо, па тоа го налути Шпанецот, кој кажа дека не ја исклучува можноста да замине од „Стемфорд бриџ“, иако е среќен во Лондон.

„Јас сум среќен во Лондон, но ќе видиме што ќе се случи на лето“, кажа Алонсо и така ги активираше шпекулациите за негов трансфер.