Бомба од Мадрид: Серхио Рамос заминува од Реал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Серхио Рамос не се откажал од идејата да го напушти Мадрид.

Караницата со Флорентино Перез по поразот од Ајакс се смири, но односите останале ладни, а ниту враќањето на Зинедин Зидан не ги поправил работите.

Покрај тоа, претседателот не сака да му прости затоа што го блокирал враќањето на Мурињо во клубот.

Од друга страна, Рамос има две добри понуди и тоа од Манчестер јунајтед и ПСЖ, кои му нудат голема плата на одличниот дефанзивец.

Сепак, Рамос има 33 години и добива 12 милиони евра по сезона, а во Реал стигна и Милитао, па можеби е време да го напушти „кралскиот клуб“.