Одлични вести за Македонија: Алиоски се врати на тренинг! (ВИДЕО)

Македонскиот селектор Игор Ангелоски вчера го избра списокот за натпреварите од евроквалифкациите меѓу Полска и Австрија на седми, односно десетти јуни.

Едно од имињата на списокот е и тоа на Езгјан Алиоски, кој доживеа тешка повреда, па не можеше да му помогне на Лидс во борбата за пласман во Премиерлига.

Во секој случај, Алиоски сега се врати на тренинг, а тоа го објави на неговиот профил на Твитер, па најверојатно ќе биде во полн погон за натпреварите на нашата репрезентација.

Македонија по две кола има четири бода во квалификациите од Евро 2020, а сега прво ќе се пресмета со Полска, а потоа со Австрија.

Advertisements