„По елиминацијата од Тотенхем – пуштив тажни српски песни и плачев цела ноќ“

Фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ откри дека ноќта по елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампиони од Тотенхем за него била исклучително тешка.

Ајакс беше на чекор до пласман во финале, но Тотенхем со погодок во последни секунди го урнаа нивниот сон и тоа сред Амстердам.

„Кога сум разочарам сакам да им се предадам на емоциите, да плачам, тогаш излегува лошото од вашето тело. По поразот од Тотнехем дојдов дома, пуштив тажни српски песни и седев на кревет. Потоа отидов во кревет и плачев цела ноќ. Мислам дека само еден час не плачев“, вели Тадиќ.

Сепак, Ајакс имаше успешна сезона во која успеа да освои двојна круна во Холандија по долго време.

Advertisements