Алегри на отворање на ресторан во Милано го „открил“ новиот тренер на Јувентус!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанската новинарска агенција  објави во четвртокот дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола договорил четиригодишна соработка вредна 24 милиони евра годишно за да го преземе италијанскиот шампион.

Еден од членовите на „граѓаните“ утринава демантираше дека Гвардиола ќе се пресели во Јувентус, но и понатаму не е исклучено такво сценарио.

Сепак, поранешниот тренер на „Старата дама“, Максимилијано Алегри ја искомплицира работата, откако на отворање на еден ресторан во Милано кажал дека новиот тренер пристигнува од Манчестер, а најверојатно станува збор за Гвардиола.

Пред неколку дена се појави информација дека новиот тренер ќе биде познат наскоро, а на 14 јуни ќе биде официјално претставен.