Најдобрите одбрани на Столе Димитриевски во Ла Лига (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не успеа да го спаси Рајо Валјекано од испаѓање од шпанската Ла Лига, иако имаше одлични настапи за шпанската екипа.

Димитриевски претходно го поврзуваа со многу европски гиганти, меѓу кои и Валенсија, па најверојатно повеќе детали за неговата кариера ќе се знаат на лето.

Да потсетиме, Рајо претходно го купи Димитриевски за еден милион евра, па сега сигурно ќе заработат многу повеќе, а македонскиот голман ќе добие шанса да брани во првата лига во Шпанија.

На социјалните мрежи Димитриевски објави видео, на кое може да се забележат сите негови интервенции сезонава во шпанската Ла Лига.