„Скај Спортс“: Неизвесна иднината на Де Геа во Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еминентниот „Скај Спротс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е далеку од потпишување на нов договор со Давид Де Геа.

Тоа значи дека голманот ќе влезе во последната година од својот договор со Манчестер Јунајтед и веќе во јануари ќе може да избира во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.

Шпанскиот интернационалец бара иста плата како што има Алексис Санчез, околу 400.000 фунти неделно, додека од Јунајтед наводно не биле подготвени да му ја понудат таа сума.

Што ќе се случува со шпанскиот голман се уште не е познато, едно е јасно, од Јунајтед веќе бараат негова замена.