Дибала конечно се огласи за својата иднина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала го демантираше својот брат и ги отфрли шпекулациите дека сака да си замине од Јувентус.

Братот на Пауло, Густаво пред една недела тврдеше дека фудбалерот сака да си замине од клубот.

Сепак, Пауло Дибала истакна дека веќе ги информирал луѓето во Јувентус за неговата одлука да остане во клубот.

„Мојот брат зборувал за себе. Зборував со Фабио Паратичи и тие знаат што јас мислам.  Сакам да останам во Јувентус и следната година, сакам да продолжам да играм овде. Среќен сум и го носам дресот на Јуве со гордост“ –истакна Дибала.