Манчестер Јунајтед испратил понуда за Дембеле


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесува „Goal“ Манчестер Јунајтед испратил понуда во висина од 35 милиони фунти за услугите на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Поранешниот фудбалер на Фулам и Селтик одигра одлична сезона во дресот на Лион и со право го привлече вниманието на големите европски екипи меѓу кои и Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

22 годишниот напаѓач оваа сезона на вкупно 50 натпревари во дресот на Лион постигна 23 погодоци, а запиша уште шест асситенции.