Евертон постави цена за трансфер желбата на ПСЖ и Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Евертон поставија цена во висина од 35 милиони фунти за својот фудбалер, Идриса Гана Геје.

За играчот од средниот ред има сериозен интерес од таборот на ПСЖ, а за него се распрашува и Манчестер Јунајтед кој е во постојана потрага по замена за Андер Ерера кој кариерата ја продолжува токму во ПС.

Медиумите во Англија пишуваат дека од Манчестер Јунајтед не ни планираат да испраќаат повисока понуда од 35 милиони фунти за играчот, што го става тимот на ПСЖ во подобра положба затоа што наводно бил спремен да даде и 50 милиони фунти.