Интер го „отпиша“ Икарди: Аргентинецот прави големо предавство!?

Мауро Икарди на лето најверојатно ќе го напушти Интер по шест години поминати во Милано, а Аргентинецот најверојатно ќе го засили Јувентус.

Дека аргентинскиот напаѓач најверојатно ќе го напушти клубот покажува и фактот дека главниот спонзор и сопственик на клубот, компанијата „Сунинг“, го тргнала Икарди од официјалната страна.

Икарди го нема на промотивниот постер за мечот против Јувентус, кој се игра на Интернационалниот куп и тоа најверојатно значи дека Аргентинецот веќе си ги спакувал куферите.

Сезонава Аргентинецот постигна 17 голови во 36 натпревари. Меѓутоа, поголем дел од нив ги постигна во првиот дел од сезоната, но целосно му падна формата, која ја имаше, а во февруари ја загуби и капитенската лента.

Инаку, Икарди досега одигра 218 натпревари за Интер во кариерата, а постигна 124 голови.

Advertisements