Покетино го „пецна“ претседателот на Реал, па пристигна жесток одговор од Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Натпреварот во Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем се игра идната сабота, па сите едвај чекаат да почнат возбудувањата.

Пред мечот во центар на внимание се најде тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, кој зборуваше за подготовките на својата екипа за мечот против Ливерпул, па се пошегува на сметка на Реал Мадрид, кој не ја прифати шегата.

„Знам дека ќе тренираме во тренинг-центарот на Реал Мадрид и сместени сме во хотелот, кој е многу блиску. Барав дозвола од Флорентино Перез да спиеме во тренинг-центарот, но тој кажа дека тоа ќе биде дозволено кога ќе бидам тренер на Реал“, се пошегува Покетино.

Меѓутоа, неговата изјава не помина најдобро кај управата на „кралевите“, па тие објавија официјално соопштение.

„Изненадени сме од изјавата на Покетино во која зборува дека барал неговата екипа да престојува во нашиот тренинг-центар. Сакаме да порачаме дека не било доставено никакво барање и дека нашиот клуб е на располагање на сите во УЕФА. Сите барања, кои ги добивме, досега ги одобривме“, соопштија од Реал.