Беше на чекор од Милан, но сега реши да ја купи Фиорентина

„Њујорк Тајмс“ потврди дека Фиорентина има нов сопственик. Според медиумот браќата Дела Ваље прифатиле понуда од 135 милиони евра, па нов газда ќе биде Роко Комисо.

Комисо има богатство од 4,5 милијарди долари, па познат е по тоа што сакаше да го купи Милан од Јонгхонг Ли, меѓутоа Кинезот ја одби неговата понуда.

Американецот го ангажираше „Морган Чејс“ да ги заврши преговорите брзо, па потоа сака да го засили тимот за идната сезона.

Фиорентина, но и бизнисменот не коментираа за целата приказна, но италијанските медиуми пишуваат дека е склучена соработката.

Претходните сопственици ја купија Фиорентина по банкротот во 2003 година, па беа во постојано конфликт со навивачите поради малите вложувања и продажбата на најдобрите фудбалери, па останува сега да видиме дали Американецот ќе го врати клубот во италијанскиот врв.

Advertisements