УЕФА ги разочара навивачите: Финалето во ЛЕ ќе се игра пред полупразни трибини!?

Европската фудбалска унија (УЕФА) за финалето во Лига Европа (ЛЕ) го избра Азербејџан и Олимпискиот стадион во Баку.

Навивачите на лондонскиот ривал, па и самите клубови, одамна го изразија своето незадоволство што се игра финалето токму во Баку.

Причина за тоа е бројката на влезници, а тоа се само по 6.000 за клубовите, па сега се шпекулира дека половина од нив ќе бидат вратени на УЕФА.

Арсенал на четири дена до финалето продал само 3.500 влезници, додека Челси продаде дури 2.000.

Причината за бојкотот е и патувањето до Баку, кое за навивачите од Лондон изнесува околу 4.000 км, па истото е премногу скапо.

Треба да се додаде и дека навивачите на двата клуба направија петиција финалето да се премести. Па така на една петиција беа собрани 13.000 потписи за финалето во ЛЕ да се премести на „Вембли“.

Advertisements