Урнебесно: Ролан Гарос „распиша потерница“ по Ѓоковиќ! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Организаторите на Ролан Гарос се пошегуваа поради инцидентот, кој Новак Ѓоковиќ го направи во теретаната.

Ѓоковиќ во теретаната, која се наоѓа во рамки на тенискиот комплекс на Ролан Гарос направи „инцидент“, односно го скрши подот.

„Денеска во теретаната пред тренинг користев медицинска топка, која силно ја удрив во подот кој под притисок пукна. Простет ми, ве молам“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Следуваше веднаш одговор од организаторот, кој беше ептен урнебесен.

„Дали сте го виделе овој човек? Име: Новак Ѓоковиќ. Погледен пат виден на: Терен ‘Филип Шатрие’. Баран поради: Правење хаос во теретаната на Ролан Гарос. Ве молам јавете се ако го видите“, се пошегува организаторот.