Време е за пензија: Буфон одигра еден од најлошите натпревари во кариерата (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во петокот беше одиграно последното коло од францускито шампионат, кој ги реши и последните дилеми.

Гингам и Каен се преселија во втората лига, Дижон ќе игра во плејофот, а шампион е ПСЖ, кој ја обезбеди титулата пред неколку кола.

Меѓутоа, Парижаните во последно време играат катастрофално, а синоќа Ремс беше подобар со 3-1, а тоа беше четврти пораз на ПСЖ во последните девет натпревари во првенството.

Трагичар на мечот беше Џанлуиџи Буфон. Поранешниот најдобар голман во светот одигра еден од најлошите натпревари во кариерата, а сите три голови одат на негова сметка.

Постојано се шпекулира дека ќе потпише нов двегодишен договор, но навивачите сметаат дека е време за пензија на Италијанецот.