„Скај Спорт“: Џеко ја напушта Рома и се сели во друг гигант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Спорт Италија“ пишува дека босанскиот напаѓач Един Џеко ќе ја продолжи кариерата во Интер.

За тој трансфер се шпекулира некое време, но италијанските медуми сега пишуваат дека двете страни се договориле.

Џеко со Рома има договор на уште една годна, но немаше преговори за нова соработка, па стана јасно дека на лето ќе го напушти клубот.

Сезонава 33-годишниот напаѓач постигна 14 голови и 11 асистенции на 39 натпревари, а девет погодоци постигна во италијанската Серија А.

Во Интер повторно ќе заигра со Раџа Наинголан, кој минатото лето го напушти Рим и се пресели во Милано.

Деталите од трансферот не се откриени, но италијанските медуми пишуваат дека двата клуба се договориле и сега се чека само официјална потврда.