Навивачите на Барселона испратија моќна порака пред финалето во Купот (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Барселона испратија моќна порака до фудбалерите на клубот пред вчерашното финалето во шпанскиот Куп против Валенсија, кое Каталонците го загубија со 1-2.

Во моментот додека излегуваа Каталонците на теренот, навивачите поставија голем транспарент на кој пишуваше „Сите заедно“, но тој беше поделен на два дела, па со тоа навивачите сакаа да покажат дека постојат проблеми во соблекувалната на Барселона.

Барселона имаше одлична сезона до полуфиналето во Лигата на шампиони, кадешто доживеаа дебакл од Ливерпул во реваншот со 0-4, па тогаш почнаа проблемите за екипата на Ернесто Валверде.

Очигледно навивачите се во право, па се надеваат дека наскоро ќе се промени нешто во каталонскиот гигант.