Виландер: Кирјос е добар за тенисот, тој е како Мекинро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прославениот шведски тенисер Матс Виландер кажа дека му се допаѓа кога Ник Кирјос покажува емоции, зашто не е задоволен од резултаотт.

Австралијанецот е познат како „лошо момче“ во тенисот, а тоа го потврди и во претходните недели, откако поради дивеење на теренот беше дисквалификуван од Мастерсот во Рим.

„Додека фрла столици и уништува рекети, зашто губи, тоа е добро за тенисот. Тој е како Џон мекинро. Во тоа време не знаевме дали е тоа добро или не, а на крајот тој стана еден од најдобрите тенисери во историјата. Ми се допаѓа Ник кога покажува емоции, зашто не е задоволен од резултатот. Тоа што не ми се допаѓа се периоди кога изледа како да сака да биде на друго место“, вели Виландер.