Клоп откри на кој фудбалер нема да може да смета во финалето на ЛШ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јирген Клоп денеска имаше прес-конференција за медиумите пред финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во кое неговиот тим за трофеј ќе се бори против Тотенхем.

„Сите сме возбудени што повторно имаме шанса да играме во финалето. Имаме поголемо искуство, па досега успешно ги контролиравме емоциите“, кажа Клоп.

Клоп кажа и на кои фудбалери нема да може да смета во финалето, а лоша вест е тоа што нема да настапи Наби Кеита.

„Нема шанси Наби да игра во финалето. Рехабилитацијата тече добро, но мора да видиме дали ќе успееме да го вратиме на теренот до Африканската Лига на нации“, кажа Клоп.

Од друга страна, Роберто Фирмино е во ред и може да настапи во финалето против Тотенхем.

„Боби тренираше со нас. Потоа малку го одморивме, а утре пак ќе тренира со екипата. Засега ми изгледа добро“, објасни Германецот.