ЛеБрон му дозволи на син му да си „отвори“ свој профил на Instagram, а потоа настана вистински хаос!

ЛеБрон Џејмс Џуниор доби дозвола од легендарниот татко да си направи свој Instagram профил.

Леброн во понеделникот на својот 14 годишен син му посака добредојде на Instagram, а потоа настана вистински хаос.

„Пред три години му ветив на својот син дека кога ќе дојде летото во 2019 години ќе му дозволам да си направи свој профил. По ѓаволите, како брзо изминува времето!“, напиша ЛеБрон во прилог на пораката до „хејтерите“ во која нагласува Брони да го остават на мира.

Неколку часа откога Брони го отвори својот профил доби огромен број на следбеници. Денес има 1.4 милиони следбеници и на секој час таа бројка се зголемува.

Тоа не е никакво чудо бидејќи се работи за наследникот на еден од најголемите фигури во кошаркарскиот свет кои досега играле, а веќе на 14 години Џуниор привлекува големо внимание.

Веќе одамна Брони доминира на кошаркарските паркети. Најверојатно за неколку години ќе го гледаме и на паркетите на НБА, а многу лесно може да се случи синот и таткото да заиграат во лигата заедно.

И покрај тоа што ЛеБрон има 34 години тој и понатаму изгледа како „звер“. Со оглед на тоа дека за пет години Брони најверојатно ќе оди на драфт, многу големи се шансите да сведочиме историја во најјаката кошаркарска лига на светот.

За ЛеБрон Џуниор интерес покажаа и поголем број на елитни колеџи. И покрај тоа што тој е прва година средно, не претставува проблем и понуди има добиено од Кентаки, Дук, Кансас, Северна Каролина и УКЛА.

Ќе видеме што ќе ни донесат идните години, но веројатно е дека и на Брони му претстои многу голема кариера.

Advertisements