Тоа е тоа: Азар и дефинитивно го потврди заминувањето од Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар одигра одличен натпревар во победата над Арсенал во финалето од Лига Европа кое го добија со високи 4:1.

Белгиецот постигна два погодоци и со тоа на перфектен начин се одјави од таборот на Челси. Еден Азар во интервју за „БТ Спорт“ потврди дека ова е неговиот последен натпревар во дресот на Челси.

Одличниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид каде ќе биде дел на новиот Галактико проект на Флорентино Перез.

„Мислам дека за фановите, момците, менаџерот и целиот стручен штаб ова е одличен трофеј. Се уште не знам, знам дека се ќе биде одлучено во следните неколку денови. Мојата цел беше да се освои овој трофеј тоа е тоа. Веќе ја имав донесено одлуката, го кажав тоа две недели претходно. Сега се зависи од клубот. Двата клуба. Јас само чекам и ќе видиме, ќе дознаеме за неколку дена. Мислам дека ова е збогум“ –истакна Азар.