„Марка“: Барселона се откажа од Гризман поради две причини


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најчитаниот шпански магазин „Марка“ пишува дека Барселона се откажала од Антоан Гризман, кој долго време се поврзуваше со трансфер во Каталонија.

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу ги прекинал преговорите со фудбалерот на Атлетико, чија откупна клаузула изнесува 120 милиони евра.

За таквиот потег постојат две главни причини, а тоа се неговите барања за плата, кои изнесувале 17 милиони евра, а исто така Французинот бил омразен во Каталонија, односно останатите фудбалери на Барселона не го сакале.

Првиот човек на клубот не сакал да внесе немир во соблекувалната, па поради тоа смета дека најпаметно е да се откаже од потписот на Гризман, кој сега ќе бара нов предизвик, а постои можност да се пресели и во ПСЖ.