Манчестер Сити донесе одлука околу Илкај Гундоган


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од раководството на Манчестер Сити донеле одлука да не му дозволат на Илкај Гундоган да си замине од клубот ова лето.

„Скај Спортс“ пренесува дека челните лица на англискиот шампион се согласиле да го пуштат 28 годишниот фудбалер да замине без никаква оштета по крајот на следната сезона. Наводно таква одлука била донесена по консултација со Пеп Гвардиола кој истакнал дека го посакува германскиот репрезентативец и следната сезона.

Некои други извори пак потврдуваат дека Илкај Гундоган полека почнал да се премислува и веројатно ќе го прифати новиот договор кој ќе мубиде понуден. „Граѓаните“ ќе му понуат 20 милиони фунти за четиригодишен договор.