Организаторите на финалето во Баку пуштале фанови бесплатно на трибините!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси во финалето на Лига Европа славеа со убедливи 4-1 и го освоија трофејот во Лига Европа.

„Сините“ полесно од очекувано го победија градскиот ривал, но по мечот се зборуваше и за полупразните трибини на стадионот во Баку.

Атмосферата на трибините во Баку беше како да се игра пријателски меч, а тоа ја разочара фудбалската јавност. Многу навивачи на Челси и Арсенал сакаа да патуваат на дуелот, но едноставно не можеа зашто беше прескапо.

Организаторите откако го забележале срамота, решиле да пуштаат навивачи бесплатно на стадионот по 30 минути од почетокот на дуелот.

„Бевме на трибината на Арсенал, која беше речиси празна. Но, по половина час таа се исполни, зашто дојдоа локалните жители“, вели еден од навивачите.