Англичаните ги објавија можните состави на Ливерпул и Тотенхем за финалето во ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Големото финале во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Ливерпул и Тотенхем вечерва се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Сезонава ЛШ ни понуди голем број неверојатни натпревари, кои долго ќе се паметат, а сите очекуваат возбудувања и вечерва.

Ливерпул до финалето стигнаа преку неверојатниот пресврт во реваншот против Барселона со 4-0, а претходно Каталонците во првиот меч славеа со 3-0.

Нешто слично му успеа и на Тотенхем, кој губеше со 0-1 од првиот меч, но во реваншот победи со 3-2.

Англичаните пред големиот спектакл на „Ванда Метрополитано“ решија да ги објават можните состави на двата тима.

Тотенхем: Лорис, Трипие, Алдервејрелд, Вертонген, Роуз, Винкс, Сисоко, Али, Ериксен, Сон и Кин (Мура).

Ливерпул: Алисон, Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Салах и Фирмино.