Клоп повторно во свој стил – со изјава го насмеа цел свет!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше ептен расположен по освојувањето на трофејот во Лигата на шампиони, откако славеа со 2-0 против Тотнем во Мадрид на „Ванда Метрополитано“.

Клоп потоа одговараше на прашањата зошто не слави како во неговата земја, а тој кажа дека такво нешто не е можно.

„Таму си по 20 минути пијан и полеан со пиво, зашто ви истураат пиво на глава, а тука е поинаку, ниту вода не можеш да добиеш“, се пошегува Германецот.

Германскиот тренер кажа дека мечот не бил убав, но дека Ливерпул играл за победа и дека оваа награда е за фудбалерите, кои страдаа поради него и навивачите.

„Професионално, ова ми е најуспешен ден во животот, сакам да му се заблагодарам на семејството кое секогаш беше со мене, во сите тие финалиња кои ги загубивме“, додаде Клоп.