Клоп по трофејот во ЛШ запеа популарна песна (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул синоќа ја освоија Лигата на шампиони, откако го совладаа Тотенхем со 2-0 во Мадрид на „Ванда Метрополитано“, а стрелци на погодоците за гигантот од „Енфилд“ беа Мохамед Салах и Дивок Ориги.

На таков начин Ливерпул стигна до шестата титула во Лигата на шампиони, а еден од најзаслужните за успехот е германскиот тренер Јирген Клоп.

Харизматичниот тренер успеа конечно да освои европски трофеј, па беше видно расположен по мечот, а среќата не ја криеше ниту пред камерите.

Клоп даваше изјава за странските медиуми, а потоа реши да запее една популарна песна, која ја промени во „Ајде да зборуваме за шест“.

Advertisements