ПСЖ не може да верува, Реал Мадрид трие раце: Мбапе побара трансфер!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе побарал да биде ставен на трансфер-листата. Веќе со недели се шпекулира дека младиот фудбалер не е задоволен во Париз, поради тоа што Нејмар е главен во екипата, па поради тоа сака да си замине.

Младиот фудбалер сака да се пресели во Реал Мадрид, односно сака да соработува со тренерот Зинедин Зидан.

Сепак, за трансферот да биде реализиран, Реал ќе мора да плати дури 180 милиони евра, а притоа и Французинот барал голема плата, која би била слична на таа на Лионел Меси.

Во секој случај, засега нема потврда од Париз, бидејќи ретко кој очекува Мбапе да биде ставен на трансфер-листата, но едно е сигурно, а тоа е дека Реал ќе се обиде да преговара за неговиот потпис во текот на летото.