Панчев за полските медиуми: Вие сте фаворит, но Македонија ќе се обиде да ја искористи својата шанса!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија ќе се соочи со Полска во квалификациите за Евро 2020 на седми јуни, а пред натпреварот за полските медиуми даде интервју легендарниот Дарко Панчев.

Панчев откри дека Полска е фаворит, но Македонија има теоретски шанси да го изненади нивниот ривал.

„Полска е фаворит, но ние имаме теоретски шанси и ќе се обидеме да ги искористиме. Вие имате силен тим, но полските фудбалери не се креативни. Во секој случај, тие имаат искуство, па затоа сте фаворит“, вели Панчев.

Македонецот зборуваше и за квалитетот на македонската Прва лига, па даде само критики.

„Ние никогаш не сме имале добра лига, па поради тоа никогаш не сме можеле да произведеме добри фудбалери“, одговорил Панчев.

Целото интервју на поранешниот македонски фудбалер може да го прочитате ТУКА.