Чудна ВАР одлука: Брих досуди пенал за Португалија, ја погледна снимката, па досуди пенал за Швајцарија (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Портуалија и Швајцарија во моментов го играат првиот полуфинален натпревар од Лигата на нациите во кој на самиот почеток од второто полувреме се случи навистина бизарна ситуација.

При резултат 1:0 за Португалија, Швајцарија бараше пенал, но Брих одмавна со раката. ВО слендиот напад Португалија доби пенал чист како солза. Бернардо Силва падна во шеснаесетникот, а Брих покажа на белата точка.

Сепак, откако ја прегледа снимката германскиот судија ја промени својата одлука, па ја стави топката на белата точка, но на спротивната страна. Сигурен реализатор на казнениот удар беше Рикардо Родригез.