Роналдо блесна со хет-трик, Португалија во финалето на Лигата на нациите (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е клучен играч и на репрезентацијата на Португалија затоа што со хет-трик ја предводеше селекцијата кон победа во полуфиналето од Лигата на нациите против Швајцарија.

Португалците со 3:1 ја совладаа Швајцарија, а два погодоци Роналдо постигна во самиот финиш од натпреварот.

Најпрво го отвори резултатот во 25. Минута со фантастичен гол од слободен удар. На 1:1 израмни Рикардо Родригез од пенал, а потоа Роналдо повторно стапи на сцена со два брзи гола во 88. и 90. минута