Борусија во својот тим има чудо на природата: Никој не верува дека има само 14 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд во својот млад тим има навистина огромен талент.

Јусуф Моукоко има 14 години, но веќе одамна игра за многу постарите категории, па така за У17 селекцијата минатата сезона постигна дури 48 голови.

За овој успех му требаа само 26 натпревари, а тренерите на Борусија одлучиле откако ќе наполни 15 години да го „гурнат“ во уште постара категорија.

Така ова момче од наредната сезона ќе игра за јуниорскиот тим на Борусија, односно на терен ќе биде со играчите до 19 години.

Младиот Камерунец го сметаат за вистинско чудо на природата. Многумина мислат дека е тој постар, но мислењето е едно, но документите се друго.

Неговата градба апсолутно му помага со неговите врсници како и малку поголемите категории.