Репрезентацијата до 19 години закажа два пријателски натпревари против Кипар во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Кипар до 19 години на 30-ти август и 1-ви септември.

Пријателските натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот Петар Милошевски, а селекторот на Македонија, Јетон Несими ги повика следните 20 фудбалери.

Голмани: Ристе Јанков (Работнички), Христијан Стевковски (Скопје)

Одбрана: Виктор Стојковски (Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев), Нехар Садики (Работнички), Антонио Митрев (Металург), Есмин Личина (Вардар)

Среден ред: Виктор Јовчевски (Капелен ЕРФТ, Германија), Ване Јованов (Академија Пандев), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Стефан Чупчев (Васалундс ИФ, Шведска),  Дарко Додев (Металург),, Ердон Даци (Вардар), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Агон Хани (Словацко, Чешка), Јани Атанасов (Академија Пандев)

Напад: Милан Ристовски (Работнички), Марио Крстовски (Хоризонт Турново), Емил Абаз  (Динамо Загреб, Хрватска)

„Нема големи промени во играчкиот кадар во однос на натпреварите кои ги одигравме изминатиот период. Овие фудбалери веќе одиграа голем број натпревари од пријателски карактер и постигнавме навистина добри резултати. Се надевам дека тој тренд ќе го продолжиме и на пресметките против Кипар, а ќе го крунисаме со добри и позитивни резултати на окромврискиот квалификациски турнир во Полска кога против домашната селекција, Словачка и Северна Ирска ќе се бориме за влез во елитната квалификациска рунда на Уефа“, изјави селекторот на Македонија до 19 години, Јетон Несими.

Двата натпревари ќе се одиграат од 16:30.