Хамилтон се заби во ѕид на вториот тренинг, па се извинуваше на механичарите на Мерцедес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уводниот дел во оваа сезона на Формула 1 не ни понуди возбудувања какви што очекувавме, а за тоа „криви“ се Мерцедес кои доминираат од самиот почеток.

Возачите на Мерцедес славеа на секоја досегашна трка, а се чини дека оваа сезона ќе биде само прашање дали на крајот првак повторно ќе биде Луис Хамилтон или неговиот тимски колега Валтери Ботас.

Овој викенд на програмата е тргката за Големата награда на Канада, а синоќа беше одржан и вториот тренинг. Во центар на вниманието се најде Хамилтон кој направи голема грешка и го удри својот болид.

Тои направи грешка во деветата кривина и при брзина на нешто помалку од 200 км/ч со десната страна на болидот удри во ѕид, а при ударот му пукна гумата.

Откако во боксот го прегледаа болидот заклучија дека оштетувањето е многу големи.

Хамилтон се извини свесен дека ова беше исклучиво негова грешка, но за среќа немаше посериозни последици.

Мерцедес доминираше и на вториот тренинг до оваа грешка, но потоа приматот го превзеде Ферари кој заврши на водечките позиции. Се надеваме дека италијанската екипа конецно ќе се врати и ќе ја започне борбата со Мерцедес.